Бришење на прашина и кујнските површини, перење на садови, чистење на бањата се само некои од секојдневните работи поради кои домот ни свети. Меѓутоа, доколку се работи за просторот во кој живееме го средиме, постојат некои места кои во текот на чистењето редовно ги прескокнуваме. Еве 5 места кои се највалкани во станот каде, сме заборавиле да исчистиме
Површините за седење
Површините за седење, односно фотеља, кауч, табуретка, столиците кои се секојдневно се изложени со бактерии и вируси кои, од надвор на својата облека ги внесуваме во нашиот дом и со самото седнување ги пренесуваме на останатиот простор, а околу тоа не размислуваме. Кога го чистиме станот со правосмукалка, тргнете ги настрана платнените површини од фотељите и каучот за да можете да ги исчистите, а останатите пребришете ги со влажна крпа со топла вода.
Ѕидови
Иако околу нив не ни размислуваме, на зидовите кои не опкружуваат во нашиот дом секојдневно завшршува се и сешто. Зидовите несвесно ги допираме секојдневно и тоа со чисти па и со валкани раце, а доколку имате деца или домачни миленици, овие големи површини во домот стануваат легло за различни бактерии.
Кујнски апарати
Некои ги користите секојдневно а некои само во ретки случаеви, но кујнските апарати како миксерот, апаратот за кафе, блендерот или соковникот се право место за бактерии. Иако се трудиме по секое користење да ја избришеме секоја храна или капка од сок, на зидовите од кујнските апарати се задржуваат поголем дел невидливи микроби кои можат да бидат причина за помали или поголеми здравствени тегоби. Памучна крпа натопете ја со мешавина од топла вода и лимон и повремено пребришувајте ги кујнските апарати.
Канта за отпадоци
Секогаш се трудиме кантата за отпадоци да биде уредна и чиста. Нејзиното перење се случува многу ретко, па скоро и пре ретко. Без разлика дали користите кеси кои го прекриваат поголемиот дел од кантата, на самата канта се задржуваат најопасните бактерии. Доколку сакате да бидете темелни, кантата за отпадоци еднаш неделно да ја попрскајте ја со мешавина од лимон и вода, оставете ја кратко да стои, па потоа со топла вода изплакнете ја.
Висечки предмети
Она што ни е на видно поле многу често го забораваме да го исчистиме, како на пример лустери, полици, горните површини на мебелот кои се неретко преполни со прашина која е штетна за вашето здравје. Доколку сакате мебелот и висечките предмети да ви свети, земете антистатичка крпа за прашина.

You must be logged in to post a comment Login