Постојат многу факти за соништата и спиењето кои ни се помалку познати. Со сигурност знаеме дека во текот на ноќта ни се случуваат разни промени во мозокот, но научниците сѐ уште ги немаат целосно откриено сите тајни на човековиот сон. Ви ги претставуваме четирите најнови сознанија.
1. Сонуваме цела вечер
Познато е дека сонуваме за време на фазата REM. Но, најновите истражувања покажуваат дека луѓето всушност сонуваат преку цела ноќ.
„Соништата се поизразени за време на оваа фаза од сонот, но ако не се сеќавате јасно на своите соништа, не значи дека не сонувате. За време на ноќта, фазата REM со тек на времето се продолжува и соништата се најчести рано наутро, непосредно пред будењето“, објаснува доктор Рубин Најман.
2. Не се сеќаваме на соништата ако се будиме со аларм
Трауматично будење со помош на пискав будилник или алармот од телефонот – е ова е начинот да ги заборавите вашите соништа.
„Најдобар начин да ги запаметите вашите соништа е да си дозволите да се будите бавно, постепено и без стрес. Во таа опуштена, „гроги“ фаза, најлесно ќе дознаете за што сонувате“, додава д-р Најман.
3. Сонуваме во реално време
„Спротивно на верувањето дека сонот трае само делче од секундата, во реалноста соништата траат 20, 30, па и 60 минути. Почетокот е поврзан со успивањето, а сонот трае во текот на фазата REM“, вели д-р Најман.
4. Кошмарите немаат секогаш врска со стравовите
Лошите сонови не се пријатни за сонување, но нужно не укажуваат на вашите реални ставови во вистинскиот живот.
Во една научна студија која е правена на почетокот од 2014 година, аналзирано е однесувањето на 331 личност. Мажите за време на лошите соништа имаат чувство на несигурност, тага, вина и загриженост. Кошмарите кај жените пак, се поврзани со агресија, несогласување во врската и кавга со партнерот.

You must be logged in to post a comment Login