Многу припаднички на понежниот пол често поради сите обврски кои им се наметниваат, можеле да се снајдат во кожата на мажите. Меѓутоа, сепак има голем број на причини кои е подобро да си жена.
Многу жени би се сложиле околу тоа како на мажите им е многу полесно во животот. Тие не мораат да водат сметка за чистотата низ дома, не мораат да готват, да перат алишта, да ги носат децата во градинка или школо, а покрај сите тие обврски не мораат редовно да одат на депилација, средување на ноктите и фризура и како шлаг на тортата, да градат кариера. Сепак, колку и да е тоа напорно има уште повеќе причини кои утрото ќе се пробудите и кажете на себе во огледало “Баш е добро да се биде јас”.
Жените можат да ги заплашат мажите со набројување на гинеколошки проблеми кои тие ги имаат. На улица можат да прашаат некого за насока и да не им биде срам. Жените како созреваат и стареат имаат се поголема желба за секс.
Ако некој забележи жена која плаче, ќе помисли дека е емотивна, додека за маж би помислиле дека е слабак. Имаат бесплатна психотерапија кога ќе се видат со другарките. Некои жени се слатки, додека некои ниски мажи се искомплексирани. Од жената не се очекува да знае се да поправи. Имаат подобра комуникација со светот.
Истражувањата покажуваат дека жените имаат 15% повеќе веројатност да преживеат несреќа. Жените кои не се активни во спортот не се исмејуваат во друштво. Доколку имаат клемпави и големи уши, со долгата коса лесно можат да ги прикријат. Да разговараат за своите емоции и чувства не мораат да бидат пшијани.
Шопингот е исклучиво женска забава. Не мораат да се јавуваат на првиот состанок, затоа што тоа од нив не се ни очекува. Знаат дека детето е нивно и без ДНК тест. Способни се во исто време да прават 3 работи, да зборуваат на телефон, да гледаат телевизија и да пеглаат. Само жените ја знаат вистината дали е големината важна. Од жената не се очекува да носат тешки предмети. Купувањето на ситници може да им го разубави денот. Не се очекува од нив да поклонуваат цвеќе, знаат дека они тоа го добиваат на поколн.
Созреваат побрзо од мажите. Не се чувствуваат како плачковци доколку одбијат физичка пресметка. Имаат појак имунолошки систем и со самиот тој се отпорни на болест. Ако се разболат, болеста ја поднесуваат многу подобро од мажите. Жените подобро разликуваат бои. И како за крај, по правило, после разводот децата обавезно одат кај жената.







You must be logged in to post a comment Login