Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

КУЈНА

Турски крофни

Состојки:

За сирупот:

400гр. шеќер

350мл. Вода

1 лажица лимонов сок

За крофните:

220гр. брашно

1 лажица путер

½ лажичка сол

10гр. квасец и

330мл. Вода

Плус: 500мл. Масло, 250мл. Ладна вода, 1 лажичка цимет и 250мл. Крем

Подготовка:

Варете го шеќерот во водата заедно со лимоновиот сок на умерен оган, со постојано мешање се додека не се растопи. Оставете го сирупот да врие 10 минути без мешање, па тргнете го од оган и оставете го да се олади. Брашното измешајте го со растопениот путер и солта. Квасецот растворете го во водата и додајте го на брашното. Добиеното тесто оставете го на топло место околу 20 минути. Загрејте го маслото, па намалете ја температурата до умерена. Со лажица земајте од смесата и спуштајте крофни во врелото масло. Пржете ги се додека не нараснат и вадете ги од маслото додека се бели. Потоа пржете ги одново во истото масло се додека не заруменат. Една четвртина од крофните спуштете ги во сирупот и оставете ги 10 минути да го апсорбираат. Повторете го истото со сите крофни, а потоа прелијте ги со останатиот сируп. Посипете ги со цимет сервирајте ги со изматен крем.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement