Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

КУЈНА

Торта со лимон

Време на подготовка: 45 минути / ќе послужите: 12

250 грама путер, собна температура, плус за подмачкување на садовите за печење
2 ½ чаши брашно, плус количина да се посипат тавите за печење
½ чаена лажичка пециво
½ чаена лажичка сода бикербона
1 чаена лажичка сол
1 чаена лажичка кора од лимон, рендана
2 чаши шеќер
3 јајца + 3 жолчки
¼ чаша + 2 чаени лажички свеж сок од лимон
1 чаша обезмастено млеко
1 лимон, исецкан на тенки кругови

Чекор 1

Загрејте ја рерната на 200 степени. Подмачкајте ги со путер и посипете ги со брашно садовите за печење- 2 кружни тави за печење со дијаметар од 20 см. Во длабок сад измешајте ги брашното, сода бикербона, пецивото, солта и корите од лимон.

Чекор 2

Во голем и длабок сад измешајте ги со миксер путерот и 1 ½ чаша шеќер , се додека не стане смесата лесна и мека. Со миксерот на најниска брзина изматете ги јајцата и жолчките една по една. Додадете го сокот од лимон и продолжете со мешање и додавање на сместа од брашно и безмасното млеко но комбинирано, да почнете и завршите со брашното, мешајте дури не добиете компактна смеса.

Чекор 3

Поделете ја смесата во двете тави подеднакво. Печете додека не нарасне тестото малку над страните од тавите, околу 32 до 35 минути. Извадете и оставете да се оладат некои 10 минути. Оформете ја тортата, отстранувајќи ги сите непотребни делови од страна со помош на кујнски нож.

Чекор 4

Додека се пече тортата, ставете ги во сад преостанатите ½ чаша шеќер и ½ чаша вода да зовријат. Додадете ги парчињата од лимон и варете 25 минути. Со лажица извадете ги од сирупот парчињата лимон на хартија да се впие водата од нив. Истурете го преостанатиот ¼ чаша сок од лимон во сурупот.

Чекор 5

Со чепкалака за заби направете дупчиња во тестото од тортата. Полека сипете од лимоновиот сируп. Оставете да се олади. Исфилувајте со бел шлаг по желба и над тоа додадете ги зашеќерените парчиња лимон . Тортата е готова за послужување.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement