• Сподели на:

Рижото со вргањ

___

Состојки:

350 г. ориз

0,7 дл. вода, зачин

50 г. путер

200 г. вргањ

главица кромид

едно чешне лук

магдонос

100 мл. маслиново масло

100 г. пармезан

200 мл. бело вино

Подготовка:

На загреано масло испржете ги исечканиот кромид и лук, па додадете ги печурките исечени на листови. Полијте со вино и оставете го да испари. Потоа додадете го оризот, магдоносот, зачинете и полека налевајте топла вода, притоа постојано мешајќи. На тивок оган гответе 20 минути или додека оризот не се свари. Кога ќе го тргнете јадењето од оган стопете ги путерот и пармезанот во него и сервирајте топло.


Оставете коментар

___