Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

КУЈНА

Пита со капини и оригано

Потребни состојки за тесто

  • 4 шолји брашно, плус количина потребна за месење на тестото
  • 2 лажици крупна сол
  • 3 парчиња путер, исецкани ситно
  • ¾ шолја ладна вода

Потребни состојки за фил

  • 7 шолји капини (околу 1 килограм)
  • 1 лажичка свеж сок од лимон
  • ¾ шолја гранулиран шеќер
  • 1 лажица ситно исецкано оригно
  • ¼ шолја пченкарно брашно
  • 1 големо јајце, лесно матено
  • Шеќер за попрскување
  • ½ лажичка сол
  • Шлаг пена, за послужување

Чекор 1

Подготовка на тестото: Измешајте ги со миксер брашното, солта и додавајте од путерот додека не добиете смеса од груби трошки си неколку поголеми парчиња.Додадете ја ладната вода, измешајте. Поделте го тестото на три дела, сместете го во пластичен сад и оставете ги делчињата во фрижидер, најмалку 1 час, доколку сте во можност и цела ноќ.

Чекор 2

Пред да ги измесите оставете да постои тестото на собна температура, по што на површина со брашно исучете го 1 дел од тестото во тенки и кружни делчиња. Поставете во 22 см кружен сад за печење. Обликувајте го тестото по рабовите од садот подеднакво и оставете го го фрижидер 30 минути.

Чекор 3

Во меѓувреме исучете го и другите два дела и третиот (предвиден за горе дел), оформете го по желба. Вратете ги во фрижидер околу 30 минути.

Чекор 4

Фил: Прелејте ги капините со сок од лимон, шеќер, оригано, пченкарното брашно, посолете. Премачкајте го долното тесто, во садот за печење со јајцето (исто и крајчињата што се офоремни околу садот). Филот истурете го врз тоа, поставете ги другите две теста да го прекриете филот. Оставете во фрижидер на 1 саат.

Чекор 5

Загрејте ја рерната на 200 степни. Премачкајте ја целата пита со јајце и посипете со шеќер. Печете 30 минути. Намалете на 180 степени и продолжете да печете уште еден саат. Оставете да се олади комплетно и послужете со шлаг пена.

 

 

 

 

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement