• Сподели на:

Макарони салата

___

Заслужен ручек…повеќе од вкусно задоволство !!!

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

400 грама макарони

100 милилитри млеко

8 лажици мајонез

1 мала лажичка шеќер

4 млади кромидчиња

2 мали лажици вински оцет

1 среден морков

1 мало парче целер

Сол и бибер

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА;

Сварете ги макароните. Ситно исечкајте ги кромидчињата и изрендајте ги морковот и целерот.

Во измешајте ги млекото, мајонезот, оцетот, шеќерот и зачините со сол и бибер по вкус.

Претходно сварените макарони измешајте ги со сосот од млекото, мајонезот, оцетот, шеќерот сол и бибер.

Потоа додадете ги кромидот, целерот и морковот. Се убаво измешајте.

Салата треба да ја ставите половина час во фрижидер пред сервирање.

Уживајте во вкусот!!!


Оставете коментар

___