Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

КУЈНА

Лосос со пире од грашок

  • 4 филета од лосос, (по 150 грама секое)
  • 1 стебло праз, исецкан
  • Свежо исецкана пиперка
  • 2 лажички исецкани ливчиња од босилек
  • 1 лажичка кора од лимон и ¼ шолја свеж сок од лимон (потребно 2 лимона)
  • ½ лажичка шеќер
  • ½ лажичка сол
  • 1/3 шолја маслиново масло
  • 500 грама лупен градинарски грашок, свеж
  • 1 лажичка ситно сецкани ливчиња од мента

Чекор 1

Ставете го лососот во соодветен длабок сад со капак, додадете го празот, сецканата пиперка, 2 лажички сол и прелејте со 4 чаши вода. Оставете да зоврие водата а потоа намалете ја топлината и гответе уште 3 до 5 минути. Исцедете ја водата и покријте со капак да не се губи топлината.

Чекор 2

Во блендер ставете ги корите од лимон и босилекот, додадете го шеќерот и сокот од лимон, блендирајте додека да се добиете компактна смеса. додадете масло и посолете по желба, блендирајте и со тие состојки.

Чекор 3

Ставете вода во средно по големина тенџере и оставете да зоврие.  Додадете 1 лажичка сол и зрната од грашок. Намалете топлина и постепено мешајте додека зрната не добијат интензивна зелена боја, околу 4 минути. Исцедете ја водата и префлете ги во чинија. Додадете 2 лажички од претходно подготвениот оцет од босилек и испасирајте ги. Посолете по желба и додаете ја ментата.

Чекор 4

Поделете го пирето од грашок на 4 еднакви дела во 4 чинии и ставете ги врз тоа парчињата лосос. Прелејте со остатокот од оцетот и уште сецкан босилек.

 

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement