• Сподели на:

Лазањи со четири видови на сирење и лути колбаси

___

Состојки:

Тесто за лазањи, брашно, половина литар млеко, путер, горгонзола, моцарела, гауда, ементал, мускантно оревче, пипер, магдонос, домашни лути колбаси.

Подготовка:

Тестото се вари и се цеди. Бешамел се подготвува на следниов начин: во стопениот путер додадете малку брашно и постепено додавајте млеко и горгонзола додека смесата се згусне. Зачинете со мускантното оревче. Во огноотпорен стаклен сад додадете тесто, парчиња гауда и ементал, парчиња моцарела, малку бешамел и неколку парчиња лути колбасици. Продолжете така до крај. Се пече 15 минути на 160 степени.


Оставете коментар

___