Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

КУЈНА

Куглоф со јаболки

Состојки:

  • 384 грама брашно
  • 1 прашок за пециво
  • 1 лажиче цимет
  • ½  лажиче морско оревче
  • ½ лажиче каранфилчиња
  • ½ лажиче сол
  • 175 мл зејтин
  • 200 грама шеќер
  • 120 мл јогурт
  • 240 мл. млеко
  • 3 јајца на собна температура
  • 3 јаболка со средна големина (излупени и иечкани на мали коцки)
  • 1 лажиче ванила екстракт

Глазура:

  • 200 грама шеќер во прав
  • ½ лажиче ванила екстракт
  • 1 лажица млеко
  • 1 лажица сок од јаболка

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени Целзиусови и намрсете го калапот за куглоф.

Во голем сат измешајте го брашното, шеќерот, прашокот за пециво, зачините, солта. Во друг сад изматете ги добро „течните состојки“ – млекото, зејтинот, јогуртот, млекото, јајцата и ванила екстрактот. Состојките од овој сад додадете ги во првиот и добор промешајте додека не се соединат, а при самиот крај додадете ги и јаболките исечкани на мали коцки. Добиената смеса ставете ја во намрсениот калап и печете ја 60 минути на 180 степени Целзиусови.

Откако ќе се испече оставете да се олади, а потоа превртете го куглоф калапот и извадете го печениот колач на рамен сад. Додека чекате убаво да се олади, направете ја глазурата.

Во подлабок сад ставете го шеќерот во прав, ванила екстрактот, млекото и сокот, додека не ја добиете посакувана густина на преливот.

Глазурата прелијте ја на оладениот куглоф колач и сервирајте.

Добар апетит.

 

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement