Кога е во прашање почеток на кариера, постојат работи на кои секогаш треба да се внимава, а одлична вест е дека не станува збор за драстични промени.
1. Канцеларија во домот
За тоа ќе ви послужи било кој дел од домот во кој се чувствувате удобно, а имате биро, компјутер, лампа и доволно место за сите хартии и сл. Бидете подготвени на тоа дека понекогаш ќе носите работа и дома.
2. Прикладна облека
Можеби описот на вашето работно место е таков што на никому нема да му пречи доколку дојдете во тренерки или фармерки, но на тој начин сигурно нема да оставите впечаток на професионалност. Она што секоја од нас мора да има во свој плакар се елегантен дневен фустан, црни пантолони, здолниште до колена, кошула и сако, бидејќи со овие парчиња не може да згрешите.
3. Профил на LinkedIn
LinkedIn оправдано го нарекуваат Facebook на деловниот свет и можеби ви се чини дека не може да ви помогне, но никогаш не се знае. Исто така, во зависност од видот на работа, и другите друштвени мрежи можат да ви помогнат при самопромоцијата, сè додека сликите, статусите и коментарите се прикладни. Дури 8 проценти од работодавачите ги проверуваат кандидатите на интернет, а никој од нив не мора да знае како сте ја поминале саботната вечер.
4. Дисциплина
Со оглед на тоа дека се работи за работни почетоци, најверојатно ќе почнете од дното, но никако не смеете да дозволите тоа да ве обесхрабри. Не доцнете, слушајте ги советите и критиките, почитувајте ги другите, не озборувајте и трудете се, колку и да ви е тешко понекогаш. Некој секогаш следи што се случува и тој труд, кога-тогаш, ќе ви се исплати.
5. Пријатели со слични интереси
Оние кои ќе разберат зошто веќе немате толку време за дружење како порано, кои ќе ве ислушаат за тоа каков грозен ден сте имале, од кои ќе можете да побарате совет, помош и сл. Сите останати би можеле да ве повлечат на погрешен пат, токму заради тоа што нема да знаат да ве разберат.

You must be logged in to post a comment Login