Тој/таа најверојатно ќе избегне директни и груби коментари, но тоа не значи дека оние „спакуваните“ не треба сериозоно да се сфатат…
Немојте да се залажувате со мислата дека ако користи еуфемизми всушност нема сериозни критики за вашето однесување. Искусните шефови и шефици обично на ваков начин ќе ги опоменат своите соработници – еднаш. Следниот пат можеби и нема баш да ви се допадне она што ќе го чуете, па затоа потрудете се да ја разберете пораката!
# „До синоќешната забава не знаев дека сте толку весела по природа!”
Во превод: „Девојко, толку се „раскомоти“ што со нетрпение чекав забавата да заврши и клиентите да си заминат!“
Бидете паметни и никогаш повеќе не дозволувајте да ви се повтори ваквото однесување. Со други зборови, контролирајте се! Објаснете му на шефот, со одбрани зборови, дека навистина ретко ви се случува да изгубите контрола над себе. А при првата прилика, докажете го истото! Својата весела природа сепак оставете ја за некое друго (приватно) друштво.
# „Трбеа повеќе да се фокусирате.”
Во превод: „Забележав дека премногу сте на Фејсбук и проверувате мејлови – по стоти пат!“
Секако дека ќе мисли дека имате вишок време или дека не сте заинтересирани за работата ако постојано лајкувате постови на своите пријатели. Потрудете се да бидете ефикасни и да покажете подобри резултати, а потоа фокусот на вашето „слободно време“ автоматски ќе исчезне.
# „Ми се чини дека имате проблем со мотивација.”
Во превод: „Би кажал дека сте премногу мрзеливи за мој вкус и за нашите потреби.“
Закажете состанок со шефот и вратете се на моментите кога бил задоволен од вашата работа. Немојте да се навредите доколку ви каже нешто што нема да ви одговара, туку искористете ја таквата ситуација да соберете некој поен за себе.

You must be logged in to post a comment Login