Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

совети

Овие карактрени особини ги ценат работодавачите

Без разлика на професијата, вашите професионални ангажмани и местото на кое работите, постојат одредени карактеристики кои секој работодавач ги цени и ги бара при изборот на квалитетен работник.

Силни комуникациски вештини

Работодавачите најмногу ја ценат ефективната комуникација. Луѓето кои лесно ги артикулираат своите мисли, имаат предност пред оние кои не го прават тоа. Работодавачите ги ценат вербалната и пишаната комуникација, сакаат соработници со кои лесно ќе се разбираат, како и оние кои јасно и концизно, со самодоверба ќе комуницираат.

Интелигенција

Нема сомнеж за ова. Студиите покажуваат дека продуктивноста на човекот директно зависи од нивото на интелигенција. Не е само за високиот коефициент, односно самото справување со комплексни задачи, доброто планирање, мултитаскигот и подредувањата на приоритетите и соодветното организирање на работите. Интелигентниот вработен лесно се справува со дневните предизвици, а како кандидат на интервју ќе го привлечете вниманието со прашување на добри прашања поврзани со работата.

Интегритет

Ова е вредност која работодавачите многу ја ценат. Важен е успехот, но доколку го имаш интегритетот како животна вредност, долготрајната успешна кариера нема да изностане. Интегитетот почнува со искреноста сам кон себе, а одтаму и искреноста со блиските како и со соработниците. Ова е особина која ретко се среќава, затоа работодавачите многу ги ценат овие вработени.

Лидерство

Во секоја средина е потребна личност која знае да превземе иницијатива и да ја спорведе истата, формирајќи тим и ефективно спорведувајќи ги задачите. Лидерството значи храборост да превземеш акција, но и да се носиш со последиците. Лидерите не даваат изговори и не бегаат од одговорност. Ги сакаат предизвиците и се стремат кон нив. Секој може да развие одредени лидерски способности.

Одговорност

Има вработени кои само си ја извршуваат работата и тоа е доволно. Има одредени вработени кои одат чекор понатаму и размислуваат од гледиштето на шефот или клиентот, што е потребно да се стори и како да се подобрат некои работи.

Планирачки и организациони вештини

Менаџирањето на повеќе работи од еднаш е вештина. Создавањето план за работа, за да се сработи квалитетно и да се внимава на роковите, бара внимание. Но ако твоето биро изгледа неуредно, ќе оставиш впечаток за неорганизирана личност.

Самодоверба

Доколку немаш самодоверба во себе, никој нема да има. Вработените со самодоверба се стремат да ги решат проблемите на работното место. Самодовербата е знак дека може ефективно да се справиш со тимот и да станеш добар лидер.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Green Tea

Кога ќе ги почувствуваме првите симптоми на настинка, повеќето од нас инстинктивно посегнуваат по шолја топол чај. Освен што е пријатно топол и опуштачки,...

Green Tea

Ако често ви се чини дека вашиот ориз е леплив, кашест или премногу тврд, не сте сами. Иако изгледа како едноставна храна, оризот бара...

Wall Street

Игрите на среќа на Државна лотарија одамна се дел од секојдневието, не само како можност за добивка, туку и како мигови на забава, надеж...

____celebrity

Актерката Рис Витерспун (49) сподели серија семејни фотографии во празничен дух на својот Инстаграм профил, а една од нив особено го привлече вниманието на...

Advertisement