Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

совети

Колку би било добро еден работен ден да трае 6 часа?

Готенбург, кој е вториот по ред најголем град во Шведска, ќе започне со нов експеримент, со кој  работните денови ќе траат само 6 часа, сѐ со цел да се докаже дека пократкото работење е поефективно.

Ако планот оди добро според својата замисла, овој проект ќе се рашири низ цела Шведска, а веќе во некои делови од градот Готенбург проектот е започнат и работниот ден трае 6 часа. Но, сепак, луѓето во чии територии не е започнат проектот се бунат и велат дека оние кои работат само 6 часа дневно не треба да бидат платени исто како оние што работат по 8 часа.

Секако, тие имаат причина да бидат завидливи: „Среќниците“ кои ќе работат по 6 часа, ќе работат само 1,332 часа, од можни 8,760 во годината.

На овој експеримент ќе се придружи и владата, со што, еден дел од владата ќе работи по 6 часа дневно, а другиот дел ќе си продолжи со 8 часовна дневна работа. Доколку делот од владата кој ќе работи 6 часа се покаже како поефективен од другиот, тогаш овој експеримент ќе почнат да го применуваат сите градови низ Шведска.

Што мислите вие, дали овој експеримент вреди да се испроба и кај нас и колку би било добро и кај нас еден работен ден да трае 6 часа?

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Green Tea

Кога ќе ги почувствуваме првите симптоми на настинка, повеќето од нас инстинктивно посегнуваат по шолја топол чај. Освен што е пријатно топол и опуштачки,...

Green Tea

Ако често ви се чини дека вашиот ориз е леплив, кашест или премногу тврд, не сте сами. Иако изгледа како едноставна храна, оризот бара...

Wall Street

Игрите на среќа на Државна лотарија одамна се дел од секојдневието, не само како можност за добивка, туку и како мигови на забава, надеж...

____celebrity

Актерката Рис Витерспун (49) сподели серија семејни фотографии во празничен дух на својот Инстаграм профил, а една од нив особено го привлече вниманието на...

Advertisement