Без разлика колку сте блиски со колегите со кои работите, сепак постојат теми за кои никогаш не би требало да разговарате со нив. Од една страа поради тоа што некој може тоа да го искористи, а од друга страна затоа што некои работи од вашиот приватен живот се однесуваат само на вас и вашите најблиски. Во продолжение на прилогот прочитајте кои се темите за кои никогаш не би требало да разговарате со колегите.
1. Никогаш не треба да разговарате за плата, особено за својата. Она што вие го заработувате се однесува само на вас и никој друг на работа не би требало да знае колкава плата имате и дали сте задоволни со неа.
2. Ако имате обичај да излегувате или ако понекогаш се случува да ви дојде друштво, па ќе се напиете некоја чашка повеќе, за тоа никогаш не треба да зборувате на работа, бидејќи некои поедници би можеле да стекнат впечаток дека не сте соодветна личност за работата која ја работите.
3. Доколку имате проблеми со партнерот, оставете ги тие работи за со пријателката. Никој на работа не треба да знае за вашиот приватен живот и да ви дава совети. Може да ви се случи некој да помисли дека поради приватни проблеми не можете да ја извршувате својата работа како што треба и на тој начин тоа да го искористи против вас.
4. На работа никогаш не смеете никого да озборувате и да се изјаснувате кој ви е драг, а кој не. Никогаш не можете да знаете до чии уши може тоа да стигне и дали ќе има негативни последици на вашата позиција во компанијата.

You must be logged in to post a comment Login