По неуспехот не треба да се откажувате, тој ве учи на лекции кои не може да се науча на друг начин.
Хајди Грант Халворсон, психолог и автор на книгата “Succeed: How We Can Reach Our Goals”, тврди дека некои успеси, приватни или деловни, произлегуваат исклучиво од некој неуспех. Она што треба да го разберете е како тој неуспех да го употребите во ваша корист. Халворсон наведува дека стотина психолошки студии се занимаваат со успехот и дека сите тие се согласуваат дека за него не е пресуден талентот, туку она што го учиме од грешките.
Во врска со ова прашање, мислењата се поделени. Некои веруваат дека вештините како креативноста или дружељубивоста се вродени, и кога таквите луѓе ќе се сретнат со неуспех имаат обичај да кажат: “Едноставно не сум роден за тоа”, “Не сум таков по природа” или “Таквите работи не ми одат од рака”.
Втората половина од луѓето веруваат дека некој може да има тенденција кон нешто, на пример, сликарство, но дека таквата тенденција може да се развие по пат на работа. Кога таквите луѓе ќе се сретнат неуспех, тие нема да кажат: “Јас едноставно не знам да сликам”, туку наместо тоа: “Можеби требаше да побарам помош од искусни уметници” или “Можеби не сум работел напорно”. Разислувајќи на тој начин, тие не го објаснуваат неуспехот за тоа кои се, туку за тоа што и како го работат.
Ако на почеток се гледате како губитник, никогаш нема да може да видите над што сè имате контрола. Во вашите раце ја имате моќта да го смените вашето однесување, планови и реакции, а тоа е начин да се стекнат и подобри вештини кои ќе ви помогнат да дојдете до вашата цел.
Ранди Паушч,универзитетски професор, на своето последно предавање во 2007. веќе сериозно болен, на студентите им рече: “Ѕидовите не постојат за да не спречат да влеземе, ѕидовите се тука за да ни помогнат да покажеме колку силно сакаме нешто. Ѕидовите се тука за да ги спречат луѓето кои не сакаат доволно силно”.
Истражувачите доволно се занимавале со луѓе кои го пронаоѓаат “успехот на другата страна од ѕидот”. Студијата која се занимавала со студентите од американската воена академија во Вест Поинт, утврдила дека одлучноста е едиствен фактор кој е важен за да се знае кој студент ќе дипломира, а кој ќе се повлече од училиштето.

Американската студија која ја истражувала одлучноста кај децата кои учествувале на националниот натпревар во спелување, докажала дека врз основа на одлучноста може точно да се утврди каков ќе биде нивниот успех на натпреварувањето.
Решителност е однесување кое се учи. Сè што треба да направите да за бидете одлучни е да се обидете одново и одново. Упорноста и истрајноста кои ги добивате после секој неуспех ќе ви помогнат да го прескокнете тој ѕид.
“Некогаш неуспехот ќе ви ги покаже слабите страни на кои треба да работите. Некогаш неуспехот е како ѕид кој е тука да ја тестира вашата посветеност. Но понекогаш, неуспехот е знак дека треба да се промени правецот во кој одите”, би рекле психолозите.
Халворсон вели дека постои начин да разликувате дали неуспехот е знак дека може да истраете или да се откажете. Ако работите одат наопаку, а вие сте и понатаму посветени на вашата цел, не се откажувајте. Но, ако таа истрајност ви го одзема целото време и енергија и ако помислата на целта веќе не донесува ни малку радост, време е да пронајдете нова цел.
Да го замените го стариот сон со нов е императив, вели Халворсон. Запрашајте се: “Што сакам сега да работам? Кои се моите квалитети? Што би можел да работам а што би ме правело среќен во следните 20 или 30 години?”

Постојат луѓе на кои некои работи лесно им одат од рака, но таков успех не носи ни мудрост ни благодарност за она што сте го постигнале. Многумина им се восхитуваат на таквите луѓе, посакувајќи го за себе истото. Сепак, поголемиот број на луѓе мора да прават мали чекори за да стигнат до успехот.

You must be logged in to post a comment Login