Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

совети

Како премногу работа може да ја уништи вашата кариера

Дали сте знаеле дека унапредувањето на работа е начин на кој компаниите сакаат да кажат: “Ние веруваме во вашиот потенцијал и вредности и се надеваме дека ќе го реализирате својот целосен потенцијал и ќе придонесете за подобрување на компанијата.”

23-ways-your-wall-street-job-will-ruin-your-life

Но, пред да го добиете унапредувањето и повисоката плата, неколку работи треба да се случат:

  1. Треба да ја знаете својата вредност и начинот на кој вие можете да придонесете за вашата компанија.
  2. Треба да бидете сигурни во себе и да ги знаете вашите можности.

 

  1. Треба да изградите круг на пријатели и сојузници, како и луѓе кои имаат позитивно влијание врз вас.

 

  1. При остварување на претходниве три точки, треба да испратите суптилна порака до вашите шефови дека нема да бидете таму, ако тие не сакаат да ви надоместат адекватно за сите напори и работа.

Но, мора да внимавате да не работите премногу и да не изгорите на работа. Тоа е дефинитивно најлошиот совет што некој може да ви го даде за напредување на работа.

Прекумерната работа може да има спротивен ефект.  

Прекумерната работа нема никаков ефект кај унапредувањето, а дури може и да ги намали шансите за самото унапредување. Ако немате доволно верба во себе и во начинот на кој што вие можете да и помогнете на компанијата, нема воопшто да биде важно колку долго сте таму и колку напорно работите. Нема да бидете нити приметени нити унапредени.

Тие што успеваат да напредуваат во кариерата, што добиваат унапредување, бонуси не работат дење и ноќе. Наместо тоа, тие имаат разработен систем. Учат како компанијата функционира и го шират својот круг на познаници. Тие набљудуваат кои се клучните играчи во фирмата, учат од нив и ги негуваат своите пријателства. Тие создаваат слика за тоа дека и се потребни на компанијата.

Покажете дека сте вредни, ама немојте  да изгорите на работа. 

Престанете да мислите дека е потребно да се чувствувате преморено за да бидете унапредени, луѓето који добиваат унапредување не се чувствуваат под притисок, бидејќи така нема никогаш да ги убедат своите менаџери да им ја доверат новата работа.

Добро проценете за што е навистина вредно да се трудите.

Бидете паметни и бирајте ги приоритетите, бидејќи на тој начин во фирмата ќе приметат дека за некои работи повеќе се ангажирате, сметајќи ги за повеќе важни. Секако дека некогаш ќе мора да се остане до доцна, да се помачиме да ги завршиме сите работи, да одговараме на мејлови и да немаме слободен викенд. Но внимателно бирајте кога сето тоа ќе го правите. Пробајте ова да го примените во својата кариера и сигурно далеку ќе стигнете.     

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Green Tea

Кога ќе ги почувствуваме првите симптоми на настинка, повеќето од нас инстинктивно посегнуваат по шолја топол чај. Освен што е пријатно топол и опуштачки,...

Green Tea

Ако често ви се чини дека вашиот ориз е леплив, кашест или премногу тврд, не сте сами. Иако изгледа како едноставна храна, оризот бара...

Wall Street

Игрите на среќа на Државна лотарија одамна се дел од секојдневието, не само како можност за добивка, туку и како мигови на забава, надеж...

____celebrity

Актерката Рис Витерспун (49) сподели серија семејни фотографии во празничен дух на својот Инстаграм профил, а една од нив особено го привлече вниманието на...

Advertisement