• Сподели на:

Како да бидете лидер иако не сте шеф?

___

Многу е важно да ги одржувате лидерските вештини без разлика дали сте шеф или не, затоа што голема е можноста во текот на вашата кариера постојано да варирате меѓу менаџмент и неменаџмент позиции.

Добрата вест е што лидерството не е конкретно поврзано со „шефувањето“. Всушност, кога не сте шеф имате слобода да ги вежбате вашите лидерски вештини без притисок од одговорност.

Лидерството е служење на другите и нивно мобилизирање кон некоја цел. Не ви е потребна авторитетна позиција за позитивно да влијаете на луѓето околу вас, па затоа еве неколку начини да бидете лидер од вашата позиција:

1. Барајте мини менторски можности

Кога зборуваме за лидерство, менторството е многу присутно. Но, за да направите некоја значајна разлика, не морате да се потпирате на формалните менторски структури. Некогаш, најдобриот начин за да покажете лидерство е да се обратите на колегите за некои специфични активности за кои им е потребно менторство и од кои тие ќе имаат корист.

Знаете дека новиот колега прв пат презентира? Ако изгледа нервозно, понудете му да се состанете во собата за канцеларии за неколку совети и мала подготовка. Не чекајте некој да ви се понуди на тацна, туку дејствувајте сами. Можностите за вакви мали менторства се насекаде, само треба да ги воочите.


2. Развијте неформален авторитет

Развивањето на неформален авторитет е еден од начините како да имате предност во вашето поле на експертиза и да станете првиот избор за било која работа. Имате неверојатни способности за создавање табели во Ексел? Имате широки познавања од Средниот Исток, а вашата компанија сака да се шири во тоа поле?

Одржете неформална презентација, ставете белешка во собата за одмор или раширете го зборот преку пријатели. За брзо време ќе бидете доживувани како експерт во тоа поле, без титулата.


3. Намалете со озборување

Ако вашата кофеинска интоксикација вклучува и озборување за шефот, тогаш предизвикајте се себеси да поминете цела недела без таква негативност. Бидете уште посмели така што наместо да разговарате со колегата кој ви е близок или со кој постојано пиете кафе, повикајте некој кој е надвор од вашиот тим или некој што е нов.

Не само што ќе ја проширите вашата мрежа на познанства, туку ќе ги зацврстите можностите да се поврзете со различни карактери – што е клучна лидерска способност.


4. Пратете ги трендовите

Кога сте шеф, поминувате многу време решавајќи проблеми со персоналот и други предизвици поврзани со вработените, а тие можат да ве спречат да останете на врвот.

Направете си услуга и бидете личноста која е позната по тоа што ги прати моменталните трендови во технологијата, индустриите кои се поврзани со вашата компанија или секојдневни бизнис и лидерски теми.

Пратете весници како New York Times, бизнис бест селери, претплатете се на весници и сајтови кои ги обработуваат темите поврзани со вашата работа.


5. Понудете се да водите проект

И вие и ние знаеме дека вие го можете тоа. Без сомнеж дека вашиот тим има цел или нешто што треба да се направи, но никако да се заврши.

Без разлика дали станува збор за освежување на веб страната од компанијата или нешто мало како обновување на листата со задолженија, понудете се да бидете личноста која дели задолженија и се труди да го заврши секој проект.

Вака ќе ги освежите вашите проект менаџмент вештини и ќе им покажете на вашите колеги и на шефот дека сте спремни на секаков предизвик.


Оставете коментар

___