Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

совети

Барај работа преку социјалните мрежи

Интеракцијата меѓу луѓето на социјалните мрежи не само што не е нешто ново, туку тоа стана и составен дел од животот на многумина. Се проценува дека 80% од понудите за работа не се објавуваат туку се покриваат со луѓе од кругот на контакти на вработените во компанијата. Всушност, менаџерите секогаш преферираат да сметаат на луѓе кои се познати или за кои имаат препораки. Кога се бара работа, излегува дека од фундаментално значење е да се има активна мрежа на контакти. Тоа се нарекува вмрежување: уметноста да се воспостават контакти кои можат да бидат од корист за сите вклучени лица. Ова може да се примени за различни цели: промоција на нашиот бизнис, пристап до можни работодавачи или баратели на работа, размена на практични знаења (професионално искуство), воспоставување на партнерства и долга листа на корисни услуги. Искуството покажува дека тоа функционира – така што замислете ја нивната ефикасност помножена со илјада, па потоа со милион – во рамките на мрежата на мрежи: Интернет.
Што всушност претставува социјална мрежа?
Тоа е веб-сајт кој им овозможува на корисниците да се поврзат преку нивните лични профили, блогови, постови и групи. На почетокот, капацитетот на конекцијата главно се користеше за лични интереси, но сега, почесто се користи за професионални мотиви.
Во моментов, на мрежите, линијата помеѓу социјалното и професионалнот не е јасно дефинирана – вели Енрике Саламанка, професор по маркетинг и сомуникација, специјалист за социјални мрежи – и сеуште не е јасно како и кога треба да се повлече оваа линија. Доколку внимаваш и вешто ги користиш контактите (на LinkedIn, Facebook и Myspace) може да ги искористиш за што сакаш: подобрување на кариерата, да одлучип кој филм сакаш да го гледаш или кој диск ќе го купиш. Потенцијалнот на правилната употреба на социјалните мрежи за зајакнување на твојата кариера е неверојатен. Двете најпопуларни мрежи, Facebook и Myspace имаат милиони корисници. Замисли ги можжностите!
Тогаш, кој е клучот за правилна употреба на професионално поле? „Клучот е да се внимава“, вели еден советник од голема компанија за човечки ресурси. Доколку си корсиник на некоја социјална мрежа и сакаш да ја искористиш на профеисонален план, тогаш внимавај што објавуваш. Треба да дефенираш која е всушност целта кон која целиш и каква е пораката кој им ја испраќаш на членовите на твојата листа на контакти, да биде јасно и недвосмислена. Првиот чекор, се разбира, е да одлучиш дали твојата страна ќе ја користиш за лични или за проефсионални цели и потоа да креираш соодветен профил.
Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Green Tea

Ново истражување сугерира дека грчкиот јогурт нуди придобивки што одат подалеку од само внес на протеини и има неверојатни придобивки за телото по тренингот....

Cotton Club

Ако постои едно парче облека што никогаш не излегува од мода, тоа се панталоните со широки ногавици. Од 1970-тите, тие се омилени меѓу жените...

____celebrity

Овие денови, сите зборуваат за раскинувањето на Никол Кидман и Кит Урбан. И додека сме љубопитни да знаеме што доведе до тоа, двајцата очигледно...

Green Tea

Кога зборуваме за витамин Д, обично зборуваме за недостаток, но понекогаш можеме да одиме во друга крајност. Имено, сè повеќе луѓе земаат додатоци на...

Advertisement