Работата како мајка е една од најтешките работи на светот. Повеќето мајки се откажуваат од работата за да можат да ги чуваат децата. Оној мал број на вработени мајки се соочува со осудувањата на другите луѓе. Овие осум работи никогаш не треба да им ги кажете.
Ниту на мајките кои работат од дома, ниту на оние кои патуваат до работа не им е лесно
1) МОРАШ ЛИ БАШ ДА РАБОТИШ?
Повеќето луѓе работат бидејќи им се потребни пари за живот. Но финансиската ситуација на другите семејства не треба да ве интересира. Дури и ако едно семејство може да опстане само со еден вработен родител, можеби им е потребен уште еден извор на приходи од некои други причини.
Мајките не би требало да се чувствуваат лошо поради тоа што се вработени дури и ако парите не им се мотив за работа. Затоа не го поставувајте ова прашање – секој одлучува за себе.
2) НЕ СЕ ГРИЖИШ ЛИ ЗА ТОА ШТО НЕ СИ СО СВОИТЕ ДЕЦА КОГА СИ ИМ ПОТРЕБНА?
Дури и кога мајката е на работа, најголемиот дел од одговорностите за децата паѓа на неа. Покрај тоа, за децата е корисно да бидат опкружени со други деца и други луѓе бидејќи се ослободуваат и стануваат подруштвени. Ниедна мајка која ги сака своите деца не сака да ги остави во несигурни раце.
3) ДАЛИ СИ СЛУШНАЛА ЗА ОНАА СТУДИЈА ЗА ДЕЦА НА ВРАБОТЕНИ МАЈКИ?
Сите секогаш мислат дека сè знаат најдобро, а тоа често го потврдуваат со „истражување“ кое „докажува“ дека на децата на вработените мајки не им се пишува добро. Но само мајката сама најдобро знае што е најдобро за нејзиното семејство. Наместо да се преиспитувате, избегнувајте луѓе кои се обидуваат да ви наметнат чувство на вина, бидејќи мислат дека знаат подобро од вас.
4) ПОНЕКОГАШ Е ДОБРО ДА СЕ ОДМОРИТЕ ОД ДЕЦАТА
Работата е место на кое мајката може да се насочи кон себе, но не се сите мајки толку среќни да ја работат работата која ја сакаат – понекогаш се работи само за парите. Оваа изрека е лоша бидејќи сугерира дека мајките одат на работа за да се одморат од децата. Ако некој ви каже нешто вакво, само одговорете му дека на сите мајки понекогаш им е потребен одмор.
5) ИМАШ МНОГУ СРЕЌА ШТО РАБОТИШ ОД ДОМА. НО ЗОШТО ТИ ТРЕБА ПОМОШНИЧКА?
Ова алудира на тоа дека мајките кои работат од дома можат да си играат со децата и да работат симултано – како тоа да е возможно. Никој не може добро да ја работи работата и во исто време да внимава на децата. Се подразбира дека помошта е потребна.
6) „ЗОШТО ИМАТЕ ДЕЦА АКО НЕКОЈ ДРУГ ТРЕБА ДА ГИ ОДГЛЕДУВА?“
Ова значи дека сте одлучиле да бидете мајка без добро да размислите дали тоа навистина го сакате. Многу мајки добиваат вакви критики. Тоа што некои мајки се вработени, не значи дека помалку ги сакаат своите деца. Само мора да најдат соодветен баланс. А тој баланс не е лесно да се направи и често во сето тоа, мајките се ставаат себеси на последно место.
7)„ДА РАБОТАМ, МЕНЕ МНОГУ ЌЕ МИ НЕДОСТАСУВААТ МОИТЕ ДЕЦА “
А на мајките кои работат не им недостасуваат децата? Ова е злобен коментар. На мајките им недостасуваат децата секогаш кога се одделени од нив. Кога ќе ви го кажат ова, споменете колку стре среќни кога децата ќе дотрчаат да ве поздрават кога си доаѓате дома, кажете дека имате нивни фотографии во канцеларија и дека секој ден им се јавувате од работа.
8) ЖЕНИТЕ БИ ТРЕБАЛО ДА СЕ ДОМА СО СВОИТЕ ДЕЦА
Со ова како да сакаат да кажат дека мајките се единствените кои можат да го чуваат своето дете, дискриминирајќи гис ите други членови на семејството: мажот или бабата и дедеото кои живеат во иста куќа. Освен тоа, има многу самохрани мајки и самохрани татковци. Ако го чуете ова, длабоко земете воздух и запомнете дека оној кој ви го вели ова, работите ги гледа од друга перспектива.

You must be logged in to post a comment Login