Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

совети

7 грешки во одлуките при градење на кариера

Секој ден носиме одлуки кои долгорочно влијаат на нас, единственото прашање е, дали позитивно или негативно.

Авторот и консултант Бернард Мар во текст објавен на ЛинкдИН укажува на некои грешки во одлуките кои долгорочно може лошо да влијаат на човекот:

1. Преправање
Ако се преправате во нешто што не сте, со цел да го импресионирате шефот или професионалната средина, значи дека не сте искрени спрема самите себе и тоа ќе ве направи да се чуствувате празни.

2. Пари
Ако одредени одлуки ги носите само поради заработката, тоа не е добра идеја. Парите се важни, но ако сте незадоволни со другите работи, тие не се доволни.

3. Мислата дека можете нешто да промените
Работата е многу слична како врската. Ако работите со мислата “ова би била совршена работа, само ако…“, тоа не е добар знак. Освен ако не го преземете лидерството, мали се шансите да промените нешто што е такво, какво што е.

4. Работата пред пријателите и семејството
Да се биде успешен значи да сте опкружени со луѓе кои ве поддржуваат, а тоа се најчесто луѓе од вашата околина – пријателите и семејството. Ако ги нарушите тие односи, ќе сфатите дека кариерата не е толку важна.

5. Не вреднување на сопствената среќа
Тажен факт е дека луѓето често мислат дека среќата доаѓа подоцна, а тоа “подоцна“ никогаш не доаѓа…Бидете среќни сега. Можеби би требало да ја промените работата или да станете посреќен со сегашната работа.

6. Мислите само на себе
Најдобрата стратегија која можете да ја имате е активно барање на начин да им помогнете на другите. Ако своите потреби секогаш ги ставате пред потребите на другите, нема далеку да стигнете.

7. Избегнување на грешки
Ако постојано избегнувате правење на грешки во кариерата, значи дека не сте подготвени да преземете ризик. А се додека го држите тоа “Статус Кво“, нема да бидете наградени. Затоа ризикувајте и грешете со цел нешто да научите.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Green Tea

Овој моќен зелен, лиснат зеленчук е полн со витамини и минерали, а е најпознат по високите нивоа на железо, што се неопходни за целиот...

Fine Living

90-тите се вратија во декорот на домот, но сега во помодерна, елегантна верзија. Минимализмот, некогаш ладен и стерилен, сега доаѓа со природни тонови и...

Uncategorized

Во ноќ на голема напнатост на модната писта на „Victoria’s Secret“, Бела Хадид привлече внимание со својот жежок и никогаш подобар изглед. Кога се...

Green Tea

Витаминот Ц е еден од најважните хранливи материи, кој во нашето тело игра клучна улога во одржувањето на доброто здравје. Иако често се препорачува...

Advertisement