Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

совети

5 начини за да ја зголемите самодовербата на работното место

Ако имате проблем со самодовербата, особено на работното место, тогаш крајно време е нешто да промените на тој план, так што ќе усвоите некои совети од оние кои успеале во истото.

1. Почнете полека

Никој не може да се промени преку ноќ, па така не е можно ниту да се стекне потребната самодоверба наеднаш. Но, ништо не е недостижно, но за стекнување самодоверба потребно е време, затоа бидете трпеливи. Почнете, така што ќе се фокусирате на работите во кои сте навистина добри и ќе се потрудите на тој план да постигнете резултати. Кога ќе успеете во тоа, самодовербата полека, но сигурно ќе ви порасне, а со самодовербата и опсегот на новите цели кои треба да си ги поставите.


2. Прашувајте

Една кинеска поговорка вели: „Оној кој прашува можеби ќе биде глуп 5 минути, но оној кој не прашува ќе биде глуп засекогаш“. Тоа е вистина, бидејќи нема ништо лошо во прашувањето. Тоа е најдобар начин за да ја научите материјата, да дознаете што е ново и да стапите во контакт со луѓето, бидејќи само така може да напредувате и да ја зголемите самодовербата.


3. Прифатете го поразот и конструктивната критика

Поразите се составен дел од животот, па и од работата, затоа мора да научите да се носите со нив. Не треба да ги сфаќате како крај на светот, бидејќи не се, туку може да ви послужат како нова лекција во животот за да бидете подобри. Истиот случај е и со конструктивните критики. Знаат да болат, особено ако надредениот ви изреагира малку побурно, но нема причина тоа да ве покорува, туку треба да ве мотивира за да станете подобри .


4. Кажете „Да“

Не може цело време да бидете неутрални и да се држите само до провереното, сигурното и она што го знаете, бидејќи порано или подоцна мора да ризикувате. Но, ризикот е нешто што нас нè учи да пораснеме и да тргнеме напред. Затоа, многу е важно да научите да кажете „Да“ на ризикот и да дадете сè од себе за да ја завршите работата како што треба. Што ако не успеете? Нема да бидете ни први ни последни и ќе преживеете.


5. Опуштете се

Најмоќните луѓе некогаш биле само почетници и тоа мора да го сфатите. Никој не се родил учен, па ни вие. Затоа, не бегајте од себе, туку опуштете се и уживајте во она што го работите, а резултатите сами ќе дојдат.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Green Tea

Кога ќе ги почувствуваме првите симптоми на настинка, повеќето од нас инстинктивно посегнуваат по шолја топол чај. Освен што е пријатно топол и опуштачки,...

Green Tea

Ако често ви се чини дека вашиот ориз е леплив, кашест или премногу тврд, не сте сами. Иако изгледа како едноставна храна, оризот бара...

Wall Street

Игрите на среќа на Државна лотарија одамна се дел од секојдневието, не само како можност за добивка, туку и како мигови на забава, надеж...

____celebrity

Актерката Рис Витерспун (49) сподели серија семејни фотографии во празничен дух на својот Инстаграм профил, а една од нив особено го привлече вниманието на...

Advertisement