Старата работа, а нов шеф? Тоа подразбира и нови правила на игра.
Очекувајте промени – Новите шефови воглавно допринесуваат со себе нов сет на очекувања и приоритети. Затоа покажете ја својата отвореност кон промените. Простудирајте каков пристап кон работата има новиот менаџмент за да можете на најдобар можен начин да одговорите на барањата. Наједноставно е да направите разговор со шефот и директно да дознаете што се очекува од вас.
Дајте поддршка – Со оглед на досегашното искуство, вие можете да бидете значајна карика во работните планови на новиот шеф. Поддржете ги неговите/нејзините идеи и акции така што ќе го/ја снабдите со додатни информации и идеи за нови проекти. Некои луѓе не ја прифаќаат одредбата дека нивната работа е дел од тоа како шефот ќе ја претстави во најдоберо светло. Треба да се има на ум дека никој нема да профитира доколку главата на организацијата делува како губитник.
Веднаш да се докажете – Фокусирајте се на брз успех и на постигнување на резултати. Овие победи се всушност темел на кој ќе градите кредибилитет кај новиот шеф. Оној момент кога неговата/нејзината доверба ќе биде потврдена, на добар пат сте да постигнете успех каков што посакувате.

You must be logged in to post a comment Login