Дали сте се запрашале кои се знаците кои покажуваат дали сте успеале во нешто и дали вашата кариера е на вистински пат?
Признајте, сигурно барем еднаш во животот сте го впишале вашето име на Google. Прво што ќе ви искочи се вашите профили на социјалните мрежи. Ако почнат да се појавуваат и други резултати, тоа значи дека сте на добар пат.
Ако се потсетите на своите почетни денови, вие сте биле тие кои ширеле познанства во реалниот свет па и преку LinkedId. Денес други го гледаат вашиот профил и праќаат барања, што е еден од знаците дека одите напред. Не ја намалуваме важноста на останатите друштвени мрежи, посебно ако природата на вашата работа е таква. Добриот глас надалеку се слуша.
Настани
Секоја професија има и свои друштвени настани, а ако на вашата адреса пристигнуваат покани за тие настани, тоа е знак дека за вас се знае. Одлично е што и на такви настани и тоа како може да се прошири мрежата на контакти, без кои денес едноставно не се може.
Вашето мислење е важно
Секое мислење е важно. Но вашето мислење станува се поважно и тоа не само на оние под вас, туку и на тие над вас. Со тоа на вас ви даваат премолчан комплимент дека веруваат во вас, поради работата и искуството, а тоа не е мала работа. Така поголемиот авторитет и овластувања се знак дека сте на добар пат.

You must be logged in to post a comment Login