Научна студија која ја спроведе американски тим на психолози го потврди фактот што многу одмна се претпоставуваше – мажите се чувствуваат загрозени доколку нивната партнерка е успешна.
Психолозите Кејт Ретклиф од Универзитетот во Флорида и Шегехито Оиши од Универзитетот во Вирџинија спроведоа пет различни експерименти над 896 учесници; на кој начин успехот на партнерката делува врз мажите.
Во еден од експериментите над 32 парови научниците направија тест на интелигенција. Тестовите всушност не беа ниту прегледани, но на мажките учесници им беше кажано дека нивните партнерки, според остварените резултати се меѓу најдобрите 12 проценти или меѓу најлошите 12 проценти. Забележано е дека мажите кои верувале дека нивните партнерки се меѓу најдобрите 12 проценти, самодовербата им се намалила во однос на оние кои мислеле дека нивните партнерки се меѓу најлошите. Со други зборови, тоа што нивните партнерки покажале висока интелигенција предизвикало мажите опаѓање на самодовербата.
Логично е дека мажите се чувствуваат загрозени доколку девојките ги надминуваат во нешто што заедно го прават, изјави др. Ретклиф. Но, она што беше изненадувачко е што откривме дека успехот на својата партнерка мажите ја чувстуваат како сопствен неуспех.
Несигурноста всушност произлегува од фактот дека мажите веруваат дека нивната партнерка ие поуспешна од нив. Иако, мажите треба да уживаат во сопствената победа – во тоа дека успеале да “фатат“ успешна и способна жена.

You must be logged in to post a comment Login