Можеби некогаш ви изгледа дека кариерата ви ја контролираат надредените или момнталната состојба на пазарот, но сосема е точно дека вие сте единствените одговорни. Управувањето со кариерата е работа која бара стратешко размислување и добро планирани чекори, но на крајот се исплати. Ова се три клучни чекори кои треба да ги превземете.
Конечно превземете контрола
Ако често се слушате како потврдувате се што ќе каже шефот и без размислување правите апсолутно се што ќе ви каже, време е да го промените ставот. Многу кариери настанале на принципот: “Да шефe”, но тие кариери се во вечна стагнација.
Наместо секогаш да одговарате потврдно, запрашајте се какво работно место сакате. Вие имате потполна моќ над вашата визија. Кога веќе имате концепт, пребарајте работи кои одговараат на вашата визија.
По десет избрани огласи кои ќе ви се допаѓаат според описот, издвојте ги заедничките особини и вештини кои се бараат од вас на тоа работно место. Потоа направете to-do листа и насочете се кон остварување на саканата цел.
Изградете име на сегашното работно место
Сегашната работа е место на кое ја градите вашата репутација, правите да луѓето радо соработуваат со вас и го бараат вашето стручно мислење. Иако можеби правите работи кои не се во описот на вашето работно место, од ова можете да извлечете многу корист. Размислете која додатна работа до сега ви била најинтересна.
Што би сакале да научите и за што не ви е проблем да одвоите време? Новите трендови за кои знаете дека ќе ја зафатат вашата фирма се секогаш одличен избор. Така, доколку сегашната работа ја правите добро, време е да станете експерти и во некои други области. Така значајно ќе се истакнете и ќе станете богатство за фирмата, а со самото тоа и ќе направите неколку чекори напред во планирањето на кариерата.
Залагајте се за фирмата во која работите
Ако гледате дека фирмата во која работите се мачи со буџетот, купувачите или некој друг проблем, размислете за начините на кои можете тоа да го поправите. Можеби ќе ви дојде некоја идеја или ќе видите некоја прилика на пазарот која ќе биде од корист за вашата фирма. Не се воздржувајте да волонтирате и да работите прекувремено во критични периоди бидејќи тоа е знак на вистинско лидерство. Причината поради која луѓето ретко се залагаат во кризни моменти е страв, но не треба да се плашите. Со овој чекор всушност ја контролирате и градите својата репутација и правите другите повеќе да ве ценат.


You must be logged in to post a comment Login