Мразите статус кво ситуации: не сте инертни и не можете тукутака да ги следите туѓите идеи, без активно да се ангажирате. Не наоѓате смисла секој ден да го правите истото без да внесете новина и возбудливост.
Работите брзо ви здосадуваат: барајќи постојани новини, работите кои се истобразни многу брзо ви здосадуваат, па затоа луѓето околу вас сметаат дека имате проблем. Но, запомнете дека со вас е се во ред, тоа што барате постојан предизвик е она што ве прави претприемач.
Ве нарекуваат бунтовник: Гледате подалеку од удобноста и не сметате дека политиките на работа, законите и регулативите се однесуваат на вас. Ве опишуваат како бунтовник, кршач на правила и некој кој доколку би нашол начин би ја победил и гравитацијата.
Чувствувате отпор од авторитети: Имате историја на одбивање да влезете во калапот на радителите, професорите, шефовите. Не се согласувате со установените норми на групите или заедницата во која живеете и работите.
Подготвени сте да се подобрите себеси: Секогаш размислувате како да ги направите работите да бидат подобри. Дополнително, имате мислење за се и гласно го кажувате без разлика дали некој го побарал тоа од вас или не.
Лоши сте во озборување и тривијални муабети: Се судрувате со потешкотии кога се очекува од вас да правите чаршиски муабети. Празните муабети ви изгледаат како залудно потрошено време и не прави да се чувствувате добро.
Не можете да заборавите на идеите: не можете да заспиете навечер затоа што главата не ви престанува да размислува. Идеите ви се раѓаат дури и на сон. Следното утро кога ќе станете сте обземени со идеата, а таа ви пречи на работните задачи кои се пред вас.
Опсесивни сте: можеби веќе ви го дале името опсесивно-компулсивна личност затоа што кога ќе се зафатите за нешто, тешко го испуштате. Не дозволувајте никому да ви поставува такви дијагнози, затоа што сите успешни бизнисмени за кои читаме денес биде опсесивни во исполнувањето на сништата.

You must be logged in to post a comment Login