Без разлика дали веќе имате работа, само што сте започнале да работите на ново работно место или само што сте биле на интервју, постојат неколку трикови кои мора да ги искористите за да ве забележат.
На работодавецот напишете му благодарница, но никако немојте тоа да го правите преку смс порака или преку мејл. Напишете благодарница на хартија со сопцтвениот ракопси, бидејќи на тој начин ќе се истакнете меѓу другите вработени.
Кога вашиот шеф ќе ве пофали и тоа ќе го стори така што ќе ви прати мејл дека добро сте ја сработиле работата, зачувајте го тоа како доказ кога еден ден ќе дојде време за проценка на кандодатите. Кога ќе оценуваат кој добро ги извршувал своите задачи во компанијата, вие ќе имате доказ.
Оденсувајте се исто кон сите во компанијата. Без разлика дали се работи за вашиот шеф или пак за некој кој е под вас, однесувајте се со почит. И забрането ви е да озборувате.
Трудете се не само околу работата, туку и околу својот изглед. Онака како што изгледате испаќате порака и дека на тој начин ги извршувате обврските. Па според тоа, секогаш бидете уредни и дотерани со мерка, бидејќи тоа ќе му даде до знаење на вашиот шеф дека на тој начин и работите.

You must be logged in to post a comment Login