Секоја личност во денешно време се труди да ја задржи работата без оглед на тоа какви последици таа рабита има врз вашиот живот. Меѓутоа, мора да водите сметка за фактите кои никако не смеете да ги заборавите, особено ако сте млади и на почетокот на кариерата..
1. Секогаш мора да знаете дека вашите колеги од работа не се ваши пријатели, ниту пак семејство. Кога ќе загусти, сигурно ќе заборават на вас.
2. Ниедна работа на светот не е вредна колку вашето здравје. Кога ќе го изгубите здравјето, ќе ја изгубите и работата.
3. Луѓето кои работат, без рзалика на која позиција се, се само обични луѓе, па затоа никогаш не заборавајте дека и ви сте само еден обичен човек.
4. Рецепт за успех не постои, па не треба да се грижите ако сте на пониска позиција, без разлика што имате завршен факултет и добро ги извршувате работите.
5. Доколку ви се случи да добиете отказ, мора да знаете дека тоа не е трагедија и дека можеби има и свои добри страни. Можеби ќе најдете подобра работа која ќе ве направи посреќни.

You must be logged in to post a comment Login