Недостаток на сон значајно ја намалува продуктивноста на вработените луѓе, а краткиот сон од траење од 20-тина минути е одличен учинок на работата, тврдат научниците на невропсихијатрија од Оксфорд Универзитетот.
Во просек, од вработен годишно се губи 7,8 дена порадинедоволна продуктивност на работа поради ненаспиеност.
НАСА во 1995 спровела анкета во поглед на важноста на попладневниот сон за вработените. Пилотите кои подмарале после ручекот во просек од 40 минути продуктивноста на работата им се зголемувала за 34 проценти во однос на пилотите кои воопшто не спиеле.
Третина од автомобилските несреќи со смртен исход предизвикале возачи кои заспале на воланот. Во Кина од времето на Мао Це Тунг правото за попладневен одмор на вработените е запишано во Уставот.
Во голем број на јапонски производители попладневниот одмор е задолжителен. Во многу фирми се гаси светлото на десет минути после ручекот.
Умерениот краток сон во траење од 20 минути е одличен за продуктивноста на вработените, додека спиење подолго од половина час има спротивен ефект, заклучуваат британските експерти.

You must be logged in to post a comment Login