Стручњаците сметаат дека многу вработени имаат лош однос со своите шефови, а дека главниот проблем се крие во тоа што на лош начин ги изразуваат проблемите со кои се соочуваат на работа. Еве кои реченици не треба да ги изговорите пред претпоставените:
1. Јас не сум виновна.
Дури и ако не сте виновна, кога ќе го кажете тоа звучи како да имате шест години. Возрасните превземаат одговорност, а потоа превземаат и дејствија кои би го исправиле она што не чини. Шефовите сакаат работници кои секогаш имаат барем дел од решението, особено ако се дел од проблемот.
2. Тоа не е моја работа.
Вашите одговорности не се ограничени на специфичноста на вашата работа. Ако шефот ве праша во врска со нешто што треба да се направи, тогаш тоа е ваша работа. Ако му одговорите спротивно, значи дека не соработувате и изразувате непочитување.
3. Мора да дошло до грешка при комуникацијата
Шефовите не можат да си дозволат да имаат вработени кои скапо ќе ја чинат компанијата бидејќи имаат проблеми со комуникацијата.
4. Мамурна сум.
Тоа не е нешто со кое треба да се фалите. Признанието дека сте пиеле вечерта пред работен ден покажува дека работата не ја сфаќате сериозно.
5. Не можам да ги поднесам колегите.
На шефовите навистина им оди на нерви кога мораат да прекинат со својата работа за да биат посредници во лошите односи меѓу колегите. Тие сакаат нивните вработени да се однесуваат едни кон други со почит и како возрасни.
6. Болна сум.
Тоа е во ред доколку е вистина, особено ако не можете да ја извршувате работата од дома. Но, ако тоа е лага и вашиот шеф го дознае тоа, би можеле да се најдете во голема неволја. Шансите да бидете фатени во мрежи.
7. Премногу или премалку.
Повеќето од вработените воопшто не размислуваат за тоа дали нивниот претпоставен сака или може да комуницира со нив во даден момент, така што честопати ги „гњават“ со неважни работи.
8. Преправање
Во време на економска криза, вработените се замолени да работат повеќе за помалку пари или помош и многу од нив западнаа во хронично жалење за својата ситуација. Додека сите сеуште се наоѓаат во ризична ситуација, преправањето сè повеќе се истакнува и ги заморува и онака заморените шефови. Покорисно би било своето време да го поминувате смислувајќи решенија за проблемите.
9. Ми треба покачување.
Вашиот шеф нема должност да ви ги отплати кредитите, да ви го плати одморот или слично. Должност му е да ви плати за вашата работа и ако мислите дека заслужувате покачување, тогаш пристапете му на претпоставениот со конкретен доказ дека сте заслужиле покачување на платата. Освен тоа, барањето нека се одвива во форма на разговор, а не во барање.
10. Ќе дадам отказ ако…
Никогаш не се заканувајте со отказ ако навистина не сте подготвени тоа и да го сторите. Бидејќи ако вашиот шеф открие дека блефирате, дефинитивно ќе ја изгубите неговата почит кон вас, а можеби и својата работа.

You must be logged in to post a comment Login