Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

финансии

Важно е кого знаеме: Како да изградите корисна мрежа на бизнис контакти

Една стара изрека вели дека не е важно што знаеме, туку кого знаеме, а ја потврдува денешната работна пракса во која повеќето од работите се добиваат преку некаков вид препораки. И завршувањето на најважните работи често зависи од тоа кого знаете.Познанствата секако играат голема улога во бизнис светот, па затоа ви даваме неколку совети како да изградите коризна мрежа на контакти.

 

Поврзувајте се со цел

Трудете се кога го ширите кругот на луѓе во бизнис круговите да ги одберете и да се определите подеднакво за оние на кои ви можете да им помогнете, како и за оние кои можат да ви помогнат вам. Бидејќи на почетокот не знаете кој е кој и колку може, мрежата нека ви биде широка, бидејќи на така, поголеми се шансите некој меѓу нив да има некој кој некогаш може да ви биде корисен.

Секогаш имајте на ум јасна цел, бидејќи луѓето многу полесно ќе ви помогнат ако знаат што ви треба.

 

Смејте се и бидете љубезни

Немојте да бидете премногу сериозни и секогаш да зборувате само за работа, туку обидете се да воспоставите човечка, лесна комуникација во која ќе го слушате соговорникот и ќе ги помните деталите кои ги открива за себе.

Љубезната насмевка ќе направи луѓето покарј вас да се чувствуваат пријатно и да бидат поопуштени, додека прекумерената сериозност може да ги исплаши.

 

Прво слушајте па зборувајте

Започнете со љубезно и сигурно прашање за соговорникот или за неговите интереси. Ако поради ништо друго тогаш поради учтивост, разговорот ќе се сврти кон вас и тогаш ќе имате прилика да го споменете она што всушност ви треба. Сетете се секогаш дека мрежата на бизнис контакти се гради и дека вие сте подготвени да помогнете.

 

Земајте визит карти

Ревносно земајте ги сите визит карти кои ви се нудат, но потрудете се да испечатите и свои. Разменувањето на визит карти со луѓето е многу важно бидејќи дава впечаток на професионалност, но помага и контактите да не се изгубат или да не се заборават.

 

Циркулирајте

Не го поминувајте целото време во удобност, со малата група на луѓе кои веќе сте ги запознале. Трудете се на службените настани на кои барате нови прилики, да помините барем по десетина минути со сите. Немојте да мислите дека сте нељубезни ако ја напуштите претходната група на соговорници, бидејќи повеќето луѓе на ваквите собири дека циркулирањето е многу важно за создавањето нови контакти. Впрочем и тие се таму токму затоа.

 

Одржувајте ги контактите

На луѓето кои ги запознавате, секогаш испратете им имејл уште во првите неколку дена по средбата. Потсетете ги за што сте заинтересирани, но нагласете им дека и вие им стоите на располагање. Потрудете се да не праќате стандардни пораки, туку тие нека содржат и дел од она за што сте разговарале. Останете во контакт со луѓето и нека не ве мрзи да им праќате информации или линкови за кои сметате дека би можеле да им бидат од помош.

И само љубезно барајте информации и контакти, но поврзувајте и други. И тоа што сте само врска помеѓу некои луѓе, понекогаш може да биде  необично корисно.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement