Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

финансии

Еве каде се парите! Дури 172 жени се на Форбсовата листата на најбогати

Оваа година бројот на жените кои се нашле на Форбсовата листа порасна за 25%. На листата на милијардери се нашле 172 жени. Од 268 нови личности на листата, 42 се жени, вклучувајќи ја и Шерил Сендберг, оперативниот директор на Фејсбук.

 53328_forbes-08-foto-reuters_630x0

Шерил Сенберг се најмногу се збогати кога нејзините акции на Фејсбук достигнаа вредност од 130 проценти. Покрај тоа, таа е позната и како автор на книгата „Lean In“ – манифест за жените кои сакаат да постигнат успех во светот во кој доминираат мажите.

Нова на листата е и Форокушо Алакинџа, која била првата милијардерка во Нигарија после успешна зделка со нафта.

53327_forbes-06-foto-ap_630x0

Покрај нив две, нова е и Дениз Коутс, која го започната сајтот  Bet365 и чие богатство за сега се проценува на 1,6 милијарди долари.

Од 172 жени на листата, само 32 станале милијардерки со свој личен труд. Останатите наследиле богатство од сопругот или родителите.

53326_forbes-05-foto-ap_630x0

Внуките на Есте Лаудер исто така се нови на листата благодарение на наследеното богатство од нивната баба. Се очекува Џејн Лаудер да ја превземе контролата над „Клиник“ лабораторијата во април, додека нејзината сестра Ерин Лаудер Зинтерхофер ќе започне свој бренд.

Само една жена успеала во топ 10 – тоа е Кристи Волтон чие богатство се проценува на 36,6 милијарди долари благодарение на тоа што го наследила делот од „Волмарт“ на својот маж.

53324_forbes-03-foto-ap_630x0

Меѓу другите ветерани на листата се Опра, Сара Блејкли, Тори Берч и вдовицата на Стив Џобс, Лорен Пауел Џобс.

Најмладата милијардерка е мистериозната девојка која вложувала во кинески недвижнини.

Најмладиот милијардер на светот е жена. Перена Кеј има 24 години и е најновиот кинески милијардер. Таа била забележана кога нејзините акции во „Логан Пропери Холдинг“ се појавиле на безата во Хонг Конг. Нејзиното учество во компанијата е 85 проценти, што е многу повеќе од тоа што го има нејзиниот татко Џи Хајпенг, кој е директор.

53329_forbes-07-foto-reuters_630x0

Според Форбс, нејзиното богатство се проценува на 1,3 милијарди доларид, а со тој износ таа го завзема 1.284 место на листата на милијардери. Таа е на 37то место на листата на најбогатите во Хонг Конг.

Бил Гејтс е повторно најбогатиот човек на светот со богатство од 76 милијарди долари.

53322_forbes-01-foto-ap_630x0

Бил Гејтс ја држи титулата на најбогат човек 15 години од последните 20, а во последните 4 години пред него беше мексиканецот Карлос Слим. После добра година на Мајкросфт, неговото богатство изнесува 76 милијарди долари, додека богатството на Карлос изнесува 72 милијарди долари.

Основачот на Фејсбук, Марк Цукенберг, во поседните 12 месеци заработил најмногу пари од сите, како што известува „Форбс“, а вредноста на неговата социјална мрежа скоро се дуплирала – во 2013 изнесувала 15,2 милијарди, а сега изнесува 28,5 милијарди.

53323_forbes-02-foto-ap_630x0

Најбогатите жени на светот се:

  • Кристи Волтон (36,7 милијарди долари)
  • Лилијан Бетанкур (34,5 милијарди долари)
  • Алис Волтон (34, 3 милијарди долари)
  • Џина Рајнхарт ( 17,7 милијарди долари)

Сузен Клатен (17,4 милијарди долари)

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement