Од октомври оваа година, Дубаи ќе стане уште поатрактивно место…
Една од причините за тоа е големиот гигантски забавен парк, кој ќе чини 2.8 милијарди долари. Тоа всушност не претставува само еден, туку комбинација од шест забавни паркови кои заедно сочинуваат еден голем забавен парк. Овој проект најдобро ќе го понуди се она од истокот и е комбинација од најдобрите елементи од запад. Таму би се вброиле Taž Mahal Bolivud Park, кој ќе има пет зони кои се инспирирани од боливудските блокбастери. За љубителите на хинди филмовите, ова би било остварување на нивните соништа.
На сличен начин ќе биде претставено патувањето низ светот на холивудските остварувања. Овој парк ќе има 27 различни атракции. Legoland Duba и Legoland водениот парк ќе биде вистински рај за децата, со тематски возења и други забавни активности. Храната ќе биде сместена во Riverland Dubai, Паркот кој е поврзан со се што има врска со оброците. На крајот ќе биде и Lapita хотелот.
Официјалните претставници на Дубаи одлучија да привлечат што повеќе патници во овој дел од светот, кои нудат ,,нереален” свет на уживање во срцето на пустината. Аеродромот во Дубаи е еден од најголемите аеродроми во светот, , со најголем број на патници. Сега за цел имаат да се зголеми бројот на патници кои ќе пристигнуваат во Дубаи, а за време на нивниот престој ќе можат да се забавуваат вистински доколку го посетат овој гигантски забавен парк.







You must be logged in to post a comment Login