Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

Доживејте бајка-посетете го замокот Glenapp во Шкотска

????????????????????????????????????

По интензивното реновирање, Glenapp замокот кој се наоѓа во Шкотска , во јужен Ејршар , повторно ги отвори вратите за своите посетители, љубители на патувањата. Замокот навистина изгледа како да е од некоја бајка.

Ова високо и ценето место, токму поради својот нереален изглед и животната средина што го прави да се чуствувате како во бајка, има атмосфера која ќе ве импресионира и шармира на прв поглед.

Величествените кули и ѕидовите на замокот  Glenapp сведочи за неговата богата историја, изграден е во 1870 година, а денес овој замок е прекрасен хотел, едно од  најимпресивните одмаралишта во Шкотска. Опкружен е со зеленло, прекрасни пејсажи , многу мочуришта…

Убавата градина, луксузните терени за голф, 17 луксузни соби- апартмани, со поглед на Ирското Море и на островот Аран, се само мал дел од луксузот кој Ве очекува доколку ја посетите оваа дестинација. Не постојат зборови со кои би можела да се опише оваа бајка.

Кога би биле сместени во некој од луксузните апартмани на овој замок, ќе можете да уживате покрај каминот , целосно да се опуштите и да уживате во убавините. Високите ѕидови, разните антиквитети околу Вас, викторијанските прозорци , ќе ви овозможат да се чуствувате како крал или кралица од бајките.

Во рамките на замокот, се наоѓа ресторан со знакот на Мишелин ѕвездичка, кој има мени на кое се наоѓаат разни традиционални јадења, можете да вечерате во прекрасен амбиент во трпезаријата и да се чуствувате навистина како крал.

Ние Ви го препорачуваме ова место барем еднаш да го посетите, да уживате во неговите убавини, максимално да се релаксирате, да ги наполните батериите за Вашето следно патување.

Погледнете го видеото и ќе останете без зборови.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement