Невестинската колекција на Temperley London за есен/зима 2015 е толку шармантна и неверојатно романтична, што не можеме да одолееме додека ги разгледуваме фотографиите од фотосесијата. Боемскиот потпис на Temperley се огледува во сите креации, и бројните детали како наметки и кратки фустани се неодоливо женствени и уникатно раскошни.

You must be logged in to post a comment Login