Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

ДИ ДЕЈ

Неколку совети за романтично декорирање на вашата свадба

Романтичните свадби се безвременски класични настани кои се паметат во текот на целиот живот. Тие понатаму се прераскажуваат на нашите деца, на нашите внуци и секогаш се нагласува дека како “нашата свадба немаше”.
Затоа не препуштајте ништо на случајноста и прочитајте ги следниве совети за тоа како да ја декорирате вашата свадбена церемонија за која ќе се раскажува уште долги години.

Започнете со украсување на домот. Изберете меки материјали, украси со чипка, таписерии, кристали, бисери, а исто така можете да се послужите и со пердуви, кои даваат префинет и нежен изглед. Изберете јорговани, кали или пастелни бои. Растурете латици насекаде, како школките на островот, на главната маса, околу свадбената торта, но бидете внимателни да не претерате. Можете да ставите ливчиња и на рабовите на масите, но сепак проценете добро да не е пренатрупано.
Салата усогласете ја со истата елеганција од драп ѕидови со бело платно. Масите прекријте ги со бел материјал, а доколку имате гелендери во дом от обвиткајте ги со бело платно и пердуви.
 
Сервисот нека биде сребрена боја и нека има многу рози, свеќи и пердувчиња.
Украсете ги столиците во салата и постигнете изглед на декорацијата со елеганција и нежност. На пример, обвиткајте ги столиците со бели прекривки и врзете големи сребрени машни одзади.
Не се препорачуваат апарати за пуштање дим или пак диско светла и ласери. Задимени или пригушени светла ќе и дадат префинет изглед на ва шата сала. Интересен тренд е ставање книга во која гостите ќе можат да напишат за тоа како си поминале на вашата свадба. Бонбончињата нека бидат прикладни со вашата венчаница или пак со севкупната декорација. Сепак може да се консултирате со некоја агенција за декорации која ќе се погрижи за сите детали.
Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Green Tea

Кога ќе ги почувствуваме првите симптоми на настинка, повеќето од нас инстинктивно посегнуваат по шолја топол чај. Освен што е пријатно топол и опуштачки,...

Green Tea

Ако често ви се чини дека вашиот ориз е леплив, кашест или премногу тврд, не сте сами. Иако изгледа како едноставна храна, оризот бара...

Wall Street

Игрите на среќа на Државна лотарија одамна се дел од секојдневието, не само како можност за добивка, туку и како мигови на забава, надеж...

____celebrity

Актерката Рис Витерспун (49) сподели серија семејни фотографии во празничен дух на својот Инстаграм профил, а една од нив особено го привлече вниманието на...

Advertisement