Изгледа и Џастин Бибер сака да биде бунтовник без причина, па на својата насловна на Facebook објави фотографија на која позира како легендарниот Џејмс Дин!
Младиот пеач ја искористил прочуената слика од покојниот Дин на кој тој е со бела маица и цигара во устата, но џабе му е, тој не би можел да изгледа “кул” како прочуениот глумец, што и да направи.
Како доказ за тоа, во прилог на оваа фотографија напишал: “Мојата инспирација беше Џејмс Дин. Не прашувајте дали пушам, одговорот е не.”
За само 6 часа од поставување на фотографијата, пристигнале 14000 различни коментари, во главно негативни…

You must be logged in to post a comment Login