Кога човекот ќе порасне и ќе се развие, неговото тело се состои од 50 трилиони клетки кои претставуваат основна животна единица. Сите тие работат заедно и ви овозможуваат во моментов да го читате овој текст.
Еве неколку интересни факти за човечкото тело:
– Мозокот не чувствува болка, иако тој ги обработува сигналите за болка, самиот тој не ја чувствува.
– Наместо да биде релативно цврст, човечкиот мозок се состои од 80% вода.
– Мозокот е активен и кога спиете. Би помислиле дека вашиот мозок е активен само во текот на денот како и останитиот дел од телото, но не е така.
– Адреналинот ви дава супер сила. Во одредени ситуации и слабичка жена би можела да подигне автомобил.
– Бебињата имаат секогаш сини очи кога ќе се родат.
– Во текот на еден просечен живот човек лачи плукна доволно за да се наполнат два базени.
– Луѓето се повисоки наутро. Во текот на денот рскавицата помеѓу коските се компресира па затоа навечер сме пониски еден сантиметар отколку наутро.
– Потребни се повеќе мускули да се намрштите од оние кои ги користиме за да се насмееме.
– Јазикот е најсилниот мускул во вашето тело.
– Доколку сте левичар статистиката не е на ваша страна бидејќи се вели дека нивниот животен век е за 9 години пократок од оние кои пишуваат со десната рака.
– Очните мускули имаат околу 100 000 контракции во текот на денот. Ако сакате истиот број да го постигнете вежбајќи ги мускулите на нозете, ќе треба да пропешачите 80 км.
– Човечкото тело за половина час произведува топлина која би била доволна за зовривање на 2 литри вода.

You must be logged in to post a comment Login