Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Здравје

И мажите имаат своја менопауза!

Мускулите почнуваат да ви атрофираат, кожата полека увиснува надолу, забележувате дека масното ткиво од ден на ден се повеќе се зголемува, а тукушто сте наполнале 40 години. Вашите најголеми стравови се остваруваат, бидејќи не сте можеле ни да замислите дека ќе дојде до така очигледни промени во оваа фаза од животот. Дури и наивно сте мислеле дека тоа никогаш нема на вас да ви се случи. Верувале или не, мажите исто како и жените во тие години полека навлегуваат во таканаречената фаза климактериум и симптомите од оваа состојба се исто така очигледни и кај нив.
Машката верзија на менопауза ќе ја препознаете по следниве симптоми: проблеми со мокрење поради зголемената простата, и кога покрај физичките промени ќе почувствувате дека енергијата ви е на минимум, дека сте омалаксани, нервозни и депресивни, дека ерекцијата е се поретка, а сексуалниот апетит се послаб.
Според експертите оваа појава се нарекува андропауза која ги погодува сите мажи без исклучок.
Андропаузата е збир од симптоми како последица од намаленето лачење на тестостерон и намалување на неговата концетрација во крвта. Ова се случува после 40-та година, со тоа што симптомите се појавуваат малку подоцна, па поголемиот дел од мажите стануваат свесни за овие промени дури околу 50-та година од својот живот.
Важно е да се напомене дека оваа појава настапува многу порано кај мажите кои имаат нездрави животни навики како пушење и пиење и улогата на многу силниот фактор – стрес.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Green Tea

Кога ќе ги почувствуваме првите симптоми на настинка, повеќето од нас инстинктивно посегнуваат по шолја топол чај. Освен што е пријатно топол и опуштачки,...

Green Tea

Ако често ви се чини дека вашиот ориз е леплив, кашест или премногу тврд, не сте сами. Иако изгледа како едноставна храна, оризот бара...

Wall Street

Игрите на среќа на Државна лотарија одамна се дел од секојдневието, не само како можност за добивка, туку и како мигови на забава, надеж...

____celebrity

Актерката Рис Витерспун (49) сподели серија семејни фотографии во празничен дух на својот Инстаграм профил, а една од нив особено го привлече вниманието на...

Advertisement