• Сподели на:

Затегнете ги нозете со помош на овие вежби

___

За нозете да ви изгледаат совршено во шорцеви и фустани, неопходно е да ги затегнете бутовите. За таа цел, доволно е да ги следите овие вежби.

3-vezbi-za-zategnuvanje-na-nozete-01.jpg

Резултатите ќе бидат видливи по само неколку седмици, под услов да ги правите правилно и редовно.

Исчекор

Пронајдете стабилна столица или клупа на која ќе можете да ја ставите левата нога, така што коленото ќе биде под 90 степени. Спуштете ја другата нога на под и направете го исчекорот 20 пати. Повторете ја постапката и со другата нога.

2

 

Чучнувања

Таканаречените сумо чучнувања спаѓаат во првите движења кои тренерите ќе ви ги препорачаат за затегнување и обликување на нозете. За подобри резултати, држете тегови во рацете и раширете ги на страна. Додека ги поткревате теговите, раширете ги нозете во висина на рамениците и спуштајте се додека колената не ги подвиткате до 90 степени. Повторете ја вежбата 15 пати.

3-vezbi-za-zategnuvanje-na-nozete-03.jpg

Потпрени на ѕид

Навалете го грбот на ѕид, а стапалата оддалечете ги 20тина сантиметри од него. Свиткајте ги нозете и лесно спуштајте го грбот додека колениците не бидат под прав агол. Бутовите треба да бидат паралелни. Користејќи ја силата на горниот дел од телото, испружете ја левата нога и задржете се така околу 15 секунди, па спуштете ја. Вежбата правете ја околу 1 минута, па одморете. Повторувајте додека имате сила.

3-vezbi-za-zategnuvanje-na-nozete-04.jpg


Оставете коментар

___