Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Фитнес

Задржете ги мускулите во топ форма оваа зима

Надвор е мрачно и студено, што значи дека истегнувањето би требало да ви биде на листата на приоритети.

Тешко е да се мотивирате себеси да одите до теретана или на трчање но уште потешко е кога ќе треба да ги активирате мускулите.

Во продолжение, неколку едноставни техники за растегнување и загревање, препорачани од експерти, кои може да ги направи било кој.

Студеното време ги прави мускулите стегнати и помалку еластични и многу повеќе подложни на повреди.

Во нормални услови, на човек му требаат пет до десет минути за да се загрее, и три до пет минути да се истегне, но дополнителни пет минути треба да се додадат во зима за да се заштитат мускулите на грбот и нозете.

Во продолжение, неколку едноставни вежби кои би можеле да ги испробате по 15-минутното џогирање или како загревање за пешачење.

 Истегнување на долниот дел од грбот

Ставете ги рацете на колковите, стапалата во иста широчина како и рамената, и тогаш наведнете се наназад. Би требало да почувствувате убаво, топло чувство низ долниот дел на грбот. Останете така 10-15 минути и не заборавајте да дишите додека вежбате.

Мускулите на нозете

Тетивите на мускулите од колковите често се под притисок, па затоа е важно да им се посвети екстра внимание. Најдете клупа, наместете го едното стапало напред (користете ја петата за баланс). Наведнете се со колковите, задржувајќи го грбот исправен така што градите ќе бидат насочени кон стапалата. Задржете се во таа позиција 10-15 секунди, по што би требало да почувствувате затегнување во долниот дел на грбот па се до горниот дел од ногата, преку задните мускули на колковите. Задолжително задржете го правилното дишење додека ги правите вежбите.

Мускулите на долниот дел од нозете

Најдете некој предмет (или дрво), притиснете го телото против предметот, притоа сигурни дека вашите стапала се на земја. Што подалеку е стапалото, толку поголемо затегнување ќе почувствувате. Задржете 10-15 секунди и повторете го истото со другата страна.

Предниот дел од нозете

За да се истегнат квадрицепсите ќе ви треба нешто што ќе ви помогне да се балансирате. Фатете го стапалото и однесете ја едната нога кон задникот и задржете ја таму, а телото нека биде исправено, рамената назад. Треба да почувствувате затегнување низ предниот дел од ногата. Задржете 10-15 секунди и повторете со другата страна.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Сите зборуваат за романсата помеѓу русокосата актерка и познатиот актер. Во последните денови, сите зборуваат за љубовната врска помеѓу Памела Андерсон (58) и Том...

Fashion

Ева Лонгорија повторно беше една од главните ѕвезди на гламурозната вечер. Ева Лонгорија повторно беше една од главните ѕвезди на гламурозната вечер во Кан,...

____celebrity

Борбата на Брус Вилис со деменцијата ја тресе јавноста со години. Борбата на Брус Вилис со деменцијата со години го потресува неговото семејство и...

Green Tea

Витаминот Д игра клучна улога во одржувањето на здравјето на коските, зајакнувањето на имунитетот и правилното функционирање на телото. Витаминот Д е еден од...

Advertisement