Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Фитнес

5 идеи за трошење калории

Понекогаш е најтешко да најдете совршена вежба. Можеби е време се обидете со нешто што до сега не сте пробале.

Трчање

Тоа не е никаква иновација, но можеби до сега трчањето го избегнувавтево широк лак. Без сомнение, со трчање ќе согорите најмногу калории.  А и не ви треба некоја посебна опрема покрај спортски градник и квалитетни патики. На почетокот најверојатно ќе останете без воздух, поради недостаток на кондиција, но важно е да не се откажувате. Ако успеете да издржите секој ден ќе успевате да трчате подолго. До следната година, можеби ќе бидете подготвени за мини маратон!

Јога

Јогата е многу популарен начин да за вежбање, особено кај жените. Покрај тоа што совршено го дефинира и усовршува телото, ослободува од стрес. Разни часови по јога нуди речиси секоја теретана, а ако сакате да спиете подобро, да сивеете мирно, да се чувствувате подобро и да работите на своето здравје, јогата е вистинската работа за вас.

Танц

Танцувањето е одличен и интересен начин за трошење калории. Кој танц и да го одберете, резултатите нема да изостанат, а изборот е навистина разновиден – латино танци, break dance, танц на шипка… Во морето танци, сигурни сме дека ќе го пронајдете совршениот!

Wii Fit

Ако повеќе сакате игрици отколку што сакате вежбање и одење во теретана, можеби Wii Fit е вистинскиот избор за вас. Вебањето со Nintendo Wii , кое е дизајнирано како видео игра, првото издание го доживеа во 2007 година и сеуште е многу популарно меѓу женската популација. Можеби е малку скапа опција доколу немате Nintendo Wii, но ако сметате дека ова е вистинска работа за вас, гледајте на тоа како инвестиција во сопственото здравје.

Пешачење и планинарење

Ова е одличен начин за согорување калории, но и за да избегате од бучното секојдневие и прилика за уживање во природа. За еден час може да потрошите дури и 370 калории, а дополнителните плус е тоа што ќе ја разбистрите вашата глава. Буквално!

Земете ја најдобрата пријателка или својот сакан – покрај тоа што во двојка ќе ви биде позабавно, ќе се чувствувате и побезбедно.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement