Прв чекор
Најдете си замена за оралната фиксација. Со други зборови, следниот пат кога ќе сакате да запалите цигара, обидете се да жвакате мастика или сламка. Устата нека ви биде зафатена, но избегнувајте грицки! Сепак, не сакате да се здебелите, нели?
Втор чекор
Водете дневник и секојпат кога ќе почувствувате потреба за цигара, запишете како се чувствувате. Пишувајте ги чувствата и ќе сфатите од каде ви доаѓа потребата и заради кои емоции. На пример, ако имате потреба да запалите цигара пред некој важен состанок или презентација, ќе знаете дека она што ве предизвикува да запалите цигара е стресна ситуација.
Трет чекор
Откако ќе ја утврдите причината за палење цигара, планрајте активности согласно со тоа. На пример, ако палите цигара заради сресни ситуации, обидете се да се подготвите да го сведете стресот на минимум и станете свесни за причинско-последователната врска. Полесно ќе апстинирате ако го знаете психолошкиот или емотивен причинител.
Четврт чекор
Консултирајте се со доктор во врска со никотинска терапија. Апчиња, мастики, фластери – некоја од овие методи сигурно ќе ви помогне.
Петти чекор
Водете список на позитивните страни од престанувањето со пушење. Од здравствен, социјален и финансиски аспект. Така пто, кога следен пат ќе имате потреба за цигара, поминете низ тој список и размислете уште еднаш!
СО СРЕЌА!

You must be logged in to post a comment Login