Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Едноставни совети за убав сон

1. Придржувајте се на распоредот на спиење

Станете, но и легнувајте секој ден во исто време. Дури и за викендите, празниците и годишните одмори. Доследноста е клуч на добриот и квалитетен сон. Легнете си кога сте навистина уморни, затоа што ако се терате да заспиете, тоа може да биде контрапродуктивно.

2. Обрнете внимание на храната и пијалокот

Не си легнувајте гладни, но ни премногу сити. Умереноста е клучна. Така, пред легнување не пијте премногу течности, да не морате да станувате често за во тоалет. Исто така, внимавајте со колилините никотин, кофеин и алкохол, затоа нив им требаат неколку саати да го растеретат нашиот организам.

 

3. Создадете си ритуали пред легнување

Секоја вечер пред да си легнете, обидете се да практикувате еднакви ритуали. Тие ќе си го одработат своето и ќе му соопштат на телото дека е време за спиење. Препорачливи ритуали се: топла купка, смирувачка музика, затемнета просторија. И се разбира, пред легнување избегнувајте гледање ТВ или поминување време пред ПС.

 

4. Нека ви биде удобно

Просториите во кои спиете, прилагодете ги исклучиво за спиење. Тоа значи дека таа просторија треба да биде поладна, потемна и најтивка. Потрудете се да си обезбедите квалитетен душек и перница.

 

5. Вежбајте

Телесната активност е од голема помош, доколку имате проблеми со спиењето. Вежбањето ќе ви помогне побрзо да заспиете, но и да имате длабок сон. Имајте на памет дека е важно и кога вежбате. Не се препорачува непосредно пред спиење, туку во текот на денот.

И уште една работа, намалете го стресот! Тргнете од основните работи: наредете ги дневните приоритети, организирајте се подобро и делегирајте. Насмејте се слатко со пријателите и оставете ги грижите за некој друг ден.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement