Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____баланс новости и трендови

Зошто ве чеша вагината?

Навистина е фрустрирачки кога вагината ве чеша, а ова чешање може да биде предизвикано од повеќе фактори, но може да е и симптом на посериозен проблем. Како и да е, треба да го посетите својот гинеколог.

Бактериска вагиноза

Бактериската вагиноза е една од најчестите причина заради чешање на вагината, а е предизвикана од дисбаланс кај здравите бактерии и промени во pH вредноста на вагината. Симптомите се слични како кај инфекција на јајниците, но во овај случат исцедокот е потечен и има мирис.

Инфекции на јајниците

Исто како и бактериската вагиноза, инфекциите на јајниците се резултат на менување на pH вредноста во вагината. Тие можат да се појават заради употреба на антибиотици, секс, стрес или промена во исхраната. При инфекции на јајниците, исцедокот од вагината е бел и подебел.

Контактен дерматит

Оваа иритација на кожата често е резултат на алергиски реакции од одредени продукти. Вашата кожа може да се инфицира од се што содржи парфеми или адитиви вклучувајќи ги кондомите и лубрикантите, а покрај чешање може да забележите црвенило и задебелување на кожата. Ако страдате од дерматит користете хипоалергенски продукти за хигиена. Избегнувајте бричење на иритираните делови.

Ензема или псоријаза

Генетските проблеми со кожата како овие две може да предизвикаат црвенило и чешање во регионот на гениталиите. Ако страдате од ензема или псоријаза, советувајте се со својот лекар.

Сексуално преносливи болести

По кој знае кој пат – незаштитениот секс може да доведе до сексално преносливи болести. Кламидијата, херпесот, гонореата и трихомониазата може да предизвикаат чешање таму долу, а чешањето може да предизвика болка и печење. Ако ве пецка кога мочкате, или ве боли додека имате секс – консултирајте се со својот гинеколог.

Хормони

Секогаш кога вашето ниво на хормони варира (како на пример за време на менструалниот циклус, менопауза) вашата вагина може да ве чеша. Продуктите кои ги користите за време на менсутралниот циклус понекогаш содржат мириси или бои кои можат да направат дополнителна неугодност.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement