За согорување на мастите во мускулите, треба да активираме што повеќе мускулни влакна.
Дебелината е епидемија во светски размери, и најчесто започнува во дваесетите години од животот, иако тоа не го забележуваме во тој период. Зошто се случува тоа?
Научниците пронашле одговор на тоа прашање во метаболизмот. Поточно, од 6 до 18 години нашиот базален метаболизам, трошењето на калории во мирување се намалува дури за четвртина, додека по дваесетите , забавувањето продолжува со брзина од два до три проценти за секои десет години.
Значи, треба да се пронајдат начини на кои природното успорување на метаболизмот ќе го одложиме што е можно повеќе, а тоа најлесно ќе го направиме со промена на животниот стил. Прва и наједноставна навика е – повеќе движење.

За согорување на мастите во мускулите треба да активираме што повеќе мускулни влакна, а тоа најдобро се покажува на луѓето кои цел ден со во движење – тие во текот на денот трошат околу 350 калории повеќе од луѓето кои се полежерни.
Одење, стоење, трчање, возење велосипед и слични активности го принудуваат телото да троши повеќе калории, го забрзуваат метаболизмот и на тој начин многу поедноставно се одржува телесната тежина.
Вкупната дневна потрошувачка на калории често зависи од малите и чести движења кои ги повторуваме, а не само од вежбањето, затоа одете пеш кога можете.
Уште подобар рецепт за забрзување на метаболизмот се интензивните тренинзи, кои согоруваат повеќе калории од лесното трчање или вежбање, бидејќи согорувањето продолжува и по тренингот. Но, бидејќи долгото и лесно трчање го зголемува трошењето на мастите, добро е да се комбинира тренинг за да се трошат побрзо калориите.
Затоа, промрдајте се!

You must be logged in to post a comment Login