Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____баланс новости и трендови

Зошто некои луѓе се слаби иако се хранат нездраво?

Научниците со години се обидуваат да откријат зошто одредени луѓе полесно ја одржуваат својата телесна тежина, а новите сознанија покажуваат дека можеби тајната се крие во плунката.

Истражувачите пронашле ген кој овозможува побрзо разградување на јаглехидратите, а познато е дека поради нив луѓето повеќе се дебелеат. Генот е наречен Аткинс, според авторот на познатата диета, а службеното име му е AMY1.

Генот го сочинува ензимот кој се наоѓа во плунката и кој почнува да ги разградува и вари скробните намирници, како што се чипсот и оризот. Истражувањето покажало дека послаби се оние луѓе кои имаат повеќе копии од генот, а со самото тоа и поголема количина од споменатиот ензим.

Иако е нормално гените да бидат во пар, некои луѓе имаат само една копија од генот, а други имаат две, три, па дури и повеќе копии. Во случајот на генот AMY1, можно е да има и до 20 примероци.

„Nature Genetics“ пренесува дека луѓето со помалку копии од овој ген, потешко ги разградуваат јаглехидратите и затоа се посклони кон дебелеење. Иако не е сосем јасно на кој начин делува, една од можностите е дека несварениот скроб е храна за цревните бактерии, па затоа луѓето потешко слабеат.

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement