Ви носиме пет причини зошто би требало да ги внесете костените во секојдневната исхрана.
1.Богати се со витамин Ц, карактеристика која го издвојува од сличните намирници, како и малото количество на масти. Костенот содржи помалки од 70 калории на 30 грама, што го прави идеален за слабеење.
2.Костените изобилуваат со фолна киселина, поточно со витаминот Б9 кој не е карактеристичен за јаткастите плодови, а е заслужен за формирање на црвените крвни зрнца и ситезата на ДНК.
3.Костенот помага во намалувањето на нивото на холестерол, а за да ги задоволите дневните потреби за витамини и минерали, ви препорачуваме да внесувате 85 грама.
4.По својот состав, костените имаат најголем процент на скроб, а не содржат глутен, што го прави популарна намирница.
5.Дивите костени не се јадат, но имаат лековити својства. На пример чајот од див костен ги намалува симптомите на асма и бронхит. Идеален е во лечењето на проширени вени, како и во борбата против целулитот.

You must be logged in to post a comment Login